Г.Атанасовски е млад поет и ова му е прво објавување; неговата поезија има одредени слабости, но нејзината вредност се состои во снажниот и автентичен бес и револт, во прилично неартикулирана форма толку карактеристичен за помладите скопјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сликата за поезијата има една посебна функција: се чини дека во изразниот комплекс најсилно од сѐ може да ја одрази имагинацијата на поетот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Оваа поезија има моќ да оди по заборавени или нови патеки, но не и по баналните, таа дозволува да се соочи со читателот, ама не и да биде лита и неизворна.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)