поднесување (имн.) - на (предл.)

Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот за поднесување на барањето беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО ПТ/03); и, второ, веќе не постои изречната одредба која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека самото поднесување на барањето од страна на работникот го задржува извршувањето на одлуката – сѐ до донесувањето конечна одлука кај работодавачот, освен во случаите утврдени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката не може да го одбие поднесувањето на исправата ако таа самата во постапката се повикала на таа исправа за доказ на своите наводи, или ако се работи за исправа која според законот е должна да ја предаде или покаже, или ако исправата – со оглед на нејзината содржина – се смета заедничка за обете странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако овој, во натамошниот следен рок од дополнителни осум дена по врачувањето на писменото барање од страна на работникот, не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото – работникот може, во рок од 15 дена, да бара судска заштита.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комисијата се формира во рамките на Фондот (чл. 139, ст. 1-2 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како последица на ова, Ѓорѓиевски ги плаќа првостепените наведени парнични трошоци, како и трошоците за поднесување на жалбата пред Апелациониот суд, во дополнителен износ од 8.250 МКД, но веднаш потоа покренува постапка за ревизија, како вонреден правен лек, против второстепената, веќе правосилна пресуда на Апелациониот суд – Битола, пред Врховниот суд на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, за поднесување на предлог за повторување на постапката на адвокатот му е потребно посебно полномошно, ако од правосилноста на одлуката изминало повеќе од шест месеца.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, во текот на постапката, се променат околностите врз кои е заснована надлежноста на судот – судот што бил надлежен во времето на поднесувањето на тужбата останува и натаму надлежен, иако поради овие промени би бил надлежен друг суд (чл. 14, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Околу пресудите на 92 Основниот и Апелациониот суд во Битола, Ѓорѓиевски ќе додаде дека многу не го изненадиле, со оглед на фактот што има сериозни сомневања оти судиите суделе во корист на бугарските газди, откако претходно биле компромитирани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако во текот на постапката се променат околностите врз кои е заснована надлежноста на судот – судот што бил надлежен во времето на поднесувањето на тужбата останува и натаму надлежен, иако поради овие промени би бил надлежен друг суд (чл. 14, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случаите кога на донесувањето на решението му претходи утврдување на фактичка состојба, Фондот е должен да донесе решение најдоцна во рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето (чл. 140, ст.1-2 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако странката му издала на адвокатот полномошно за водење на парничната постапка, а поблиску не ги определила овластувањата во полномошното – адвокатот, врз основа на таквото полномошно, е овластен да ги врши сите дејствија во постапката, а особено: да поднесе тужба, да ја повлече тужбата, да го признае тужбеното барање или да се одрече од тужбеното барање, да склучи порамнување, да поднесе правен лек и да се одрече или откаже од него, од спротивната странка да ги прими досудените трошоци, како и да бара издавање на привремени мерки за обезбедување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оценувањето на надлежноста се врши врз основа на наводите во тужбата и врз основа на фактите што му се познати на судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Решение за правата од пензиското и инвалидското осигурување донесува Фондот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на уредно барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мојот животински порив, желбата за крв и не поднесување на авторитетите ме донесе до ова.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Најлошо е што бев слеп за својот ужасно изменет и опасен лик.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
1. Надлежни органи а) се утврди временски рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација, за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи, како и за постапките за издавање на сертификати, кои согласно овој закон, се спроведуваат од АВРМ (чл. 1 од ЗИДЗВРС/окт.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Постапката за мирно решавање во ваков случај завршува во рок од 10 дена од поднесувањето на предлогот за мирно решавање на спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Исто така, можеби умесно ќе беше доколку експлицитно се нормираше дека поднесувањето на уставната тужба не подлежи на судски или било какви други такси.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
5 Постапката пред првостепениот (основен) суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот (апелационен) суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца – доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во Република Македонија ќе се одбијат ако: а) шест месеца пред поднесување на барањето за работна дозвола за странец, работодавачот ги отпуштил работниците вработени на неопределено време; б) работодавачот одбил да вработи невработено лице упатено од Агенцијата за вработување кое ги исполнувало бараните услови; в) во рок од три години пред поднесувањето на барањето за издавање на работна дозвола на работодавачот, му била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок на одредбите на овој и друг закон, за незаконска работа или незаконско вработување; г) работодавачот покажал негативни резултати во работењето за претходната година, ако платите исплатени на неговите вработени биле под нивото утврдено со соодветниот грански колективен договор, ако ја прекршил законската регулатива за работните односи или ако не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа беа првите знаци на неговото тешко поднесување на староста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)