подмолност (имн.) - на (предл.)

Се плашеле од подмолноста на треската што им се мушкала зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Подмолноста на Запад спрема Исток вака се покажува: ние, Западот, ќе им помогнеме додуша на тие земји да ги развијат демократијата и пазарното стопанство, но затоа - и тоа едновремено - ќе ги затвориме нивните граници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А стеблото оголено уште кон небото ја колне подмолноста на болката што ја дебне убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)