подигање (имн.) - на (предл.)

И навистина, гепекот ми беше полн со слатки бонбончиња кога си тргнав накај Скопје, ама од сѐ најдобри беа двете тегли со мешавина за енергетско подигање на телото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Според него, спроведувањето на сеопфатна и инстантна приватизација, функционирањето на економијата со што помала државна интервенција и вербата во семоќта на приватната иницијатива ќе доведат до подигање на животниот стандард на сите граѓани, богати и сиромашни, на нивото на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Рекичката не била создадена да заплашува, уште помалку да даде прилог во подигањето на нивото на матните води во општествено-политичкото живеење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во подигањето на џамијата, сигурно знаеш, учествувал мајсторот Хусеин, од Дебар. Ти кажува ли тоа нешто?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)