Меѓу подароците имаше најмногу статуети на Сталин, на Ленин, на Маркс, на Енгелс, на Енвер Хоџа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Елена, Елена, да ти кажам! - извика Бојан трчајќи по неа, да ја пронајде во темнината, да ѝ го открие своето срце, да ѝ каже каков необичен подарок има за неа, но за такво нешто веќе беше предоцна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Небески суштества ѝ доаѓале во сонот на мајка му и препорачувале од она што го имаат земено една третина да подарат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имаше и еден друг кој тврдеше дека во неговите постапки со подароците имало нешто анѓелско. Такви знаци иделе озгора.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)