поглед (имн.) - има (гл.)

Налактен на колената и со брадата и устата втиснати во вкрстените збрчкани дланки, молчи и натажен поглед има вперено во дворот обраснат со коприви и диво зелје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тој поглед имаше топлина, мекост и голема желба едниот да подарува, а вториот да го почувствува импулсот на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доставувањето на реферати во секој поглед имаше предност над секоја друга работа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вангел е сунизок, сув и сив. Точен е во зборот кога е во прашање работата и поглед има точен во одмерувањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тој негов поглед имаше таква отуѓеност кон неа... а можеби и... не сакаше да верува... омраза...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)