Исто како и другите теории неговата е исполнета со желбата да го пречисти светот на останатите, безвредни теории и да ги преобрати сите неверници во вистинската вера.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Една друга интуиција заедничка и за модернистичкото и за предмодернистичкото мислење, а и за Дерида, е верата во блиската поврзаност помеѓу знаењето и доблеста, т. е. дека промените во онтолошките и епистемолошките гледишта кај луѓето можат да доведат до морални и политички трансформации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Двете подрачја на дискурсот се јасно раздвоени едно од друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Јас тоа не го реков, мој Камилски, туку ти тоа убаво го насети: постои поврзаност помеѓу балканските јазици, наспроти тенденцијата за создавање вештачки меѓународен јазик за сите и јаничаризмот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да не сакате да речете дека постои поврзаност помеѓу јаничаризмот и балканските јазици? рече замислено Климент Камилски прелистувајќи ја книгата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Навистина, има нешто претставително во начинот на кој написот во Тајмс упорно конструира врска помеѓу Даниелсовото родово заматување, од една страна, и самата негова сексуалност, од друга страна, иако истовремено ги следи насоките на Даниелс кога одбива да признае каква било битна поврзаност помеѓу едното и другото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, мојата заинтересираност за геј-историјата ме прави склон да гледам тесна, конкретна и зависна поврзаност помеѓу особените контури и содржини на традиционалната машка геј-култура и единствените општествени услови во минатото во кои се создавала – услови што и тоа како можеле да ја создадат – како што се хомофобијата, плакарот, политичкото угнетување, за кои Д. А. Милер беседеше онолку речовито.
Тешко дека тие услови исчезнале, се разбира, а тоа е едната причина поради која геј-културата не е само некаков остаток од минатите времиња.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фактот дека Даниелс бил геј-исполнител уште пред да стане професионален контратенор или дека покажал јавен геј-идентитет со тоа што станал контратенор, воопшто не дава никакви информации за некакваси можна поврзаност помеѓу неговиот глас, неговата изведба и неговото гејство, а не фрла ниту некаква светлина врз поврзаноста помеѓу музикалноста и сексуалноста.110
Пеењето женски гласовен репертоар, најпосле, не е нималку поиндикативно за Даниелсовиот субјективитет отколку играњето кошарка: и едното и другото се само забавни активности што на крајот не ни кажуваат ништо за поединецот што учествува во нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова е граѓа за народскиот стереотип.
Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Татко ми насетуваше дека за партијата и за власта работат институти со специјални задачи да се навлезе што подлабоко во причините за поврзаноста помеѓу козите и луѓето на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)