повлечен (имн.) - чиј (зам.)

„Impacientissime al pennelo (...)”: како оваа особина да не му ја припишеме на пустиникот на современата уметност, кој, откривајќи, според сопствените зборови, колку сликарите станале „глупави”, можел само да посака да се одвои од нивното братство, па и тој оттогаш да живее ден за ден, одалечен од светот, во повлеченост чија што тајна остана зачувана, да им се предаде на активностите толку необични и разновидни што вечно мораат да носат промена, на човекот кој одвај да е уметник, едвам писател, малку шахист, повремено музичар - кому и чуму всушност?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)