повеќето (имн.) - негов (прид.)

Тој никогаш не сакаше да замине, ниту ние да зами­не­ме одовде, макар што повеќето негови браќа и сестри заминаа во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако во Комитетот за одбрана на Америка по пат на помагање на сојузниците имало и такви што сакале Америка да влезе во војна (т.н. интервенционисти), сепак, нивниот број бил мал, а повеќето негови членови тврделе дека безбедноста на Америка бара Хитлер да биде поразен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини и настојувале да ѝ се даде целосна поддршка на помошта на Велика Британија во војната со фашистичка Германија, но без влегување на САД во војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го нарече „прозор-греалка“ бидејќи тој, како и повеќето негови синтагми - уснени бродови (Mund- Boote), забни огради (Zahn-Zaune), тревнати бради (Gras-B, 139rte), спирални очила (Spiral-Brillen) - во својата формална амбиваленција истовремено потсетува на повеќе нешта: на мала печка и на оние виенски прозори на наемните куќи од времето на несолидните претпријатија (Grundjahre, понекогаш и Grunderzeit, е време на несолидно работење на германските акционерски друштва 1871-1872), кои секогаш имаат некој вид круна или капа од штукатура.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)