Само таму малку одеа, повеќето во Бугарија, а најмногу во Влашко — Романија.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
На патот, ако можело да се зборува за некаков пат, се појавиле неколцина, повеќето со шамии околу главата, облечени кој како и повеќето во бели бечви и со дебели објала на нозете.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се случуваше, на патот, колоната да запре, кога не запираше плачот на едно од децата, или на повеќето во исто време. Тогаш запираа и козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Еве ги! Тие скоро и неизговорени зборови, тој шепот не посилен од шушкање на суви лисја, ги намалиле луѓето по засолништата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)