победа (имн.) - во (предл.)

Со неверојатни изблици на ментална енергија, ја продолжуваше битката во потрагата по сиџилите, сѐ до победата во која веруваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не го тревожеше мајсторот што се победите во тој свет чиста илузија, зашто тој знаеше дека, ако се размисли добро, до тоа се сведуваат и многу работи што се чинат важни во животот и на кои им се посветуваат со сиот напор сериозни луѓе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секоја телесна победа во американскиот пионерски митем, стар полни 500 години и сѐ уште млад, доживува одобрување од околината. Michael Jackson - жива гумена кукла, симбол за американското тело кое самото себе се дизајнира и редизајнира, тело кое метаморфозира, кое од црно станува бело, тело кое тежнее кон вечност - доживува општ аплауз.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веста за големата победа во Атина стигна по радиоврска, но неа цела ноќ ја вестеа истрели со светлетчки куршуми кои се пренесуваат од рид до рид, од град до град, сѐ до Атина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Делови од триумфалните фрази се пробиваа низ вревата од гласови: „Голем стратешки маневар... совршена координација... целосен распад... половина милион заробеници... комплетна деморализација... контрола над цела Африка... војната доведена на одмерлива далечина од крајот... победа... најголема победа во историјата на човештвото... победа, победа, победа!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко и Камилски како да славеа пред да бидат среќни, пред да слават победа во замислената мисија, свесни дека дури и некаква фаталистичка сила би можела да ги оттргне од среќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поволно избивајќи на виделина за време на еуфоријата од нашата победа во битката, оваа уметност беше промовирана како форма на визуелна репрезентација супериорна во однос на сите други, посебно во однос на социјалниот реализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа плачеше, ја чувствував како трепери покрај мене иако и понатаму ме топлеше, иако и понатаму ме придржуваше со целото свое тело потпрено врз yидот на мртвите; ништо не ме праша, не сакаше да знае ниту зошто ни откаде, немаше намера да се бори против машината поставена од цел еден живот спротиставен самиот на себеси, 63 спротиставен на градот и на неговите лозинки - само тој плач на повредена животинка, тој безволен отпор спрема победата во играта, скршен отпор на разбранетата игра на пајаците во бунарот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поводот што ја предизвикал така силната емоционална реакција е победата во shopping натпреварувањето во кое се добиваат неколку стотици долари и количка со прехранбени продукти.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веројатно не би погрешиле ако импровизирањето на фуга во шест гласа го споредиме со шаховска симултанка со шеесет противника, под услов да се извојува победа во сите шеесет партии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ниту опуљ не свртувам кога им крцкаат чизмите и кога се чигават пред луѓето и се дерат за победата во која кој знае дали воопшто веруваат...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можеби со зборовите што сакав да ги упатам на мојата мајка се мешаа одложените зборови на телеграмата со кои требаше да го известам југословенското раководство за малата дипломатска победа во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се враќав среќен во Картагина поради некаква мала победа во која само јас верував и покрај тоа што таа за другите не беше јасна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму се потпре со левата рака на черчевето на коешто се држеше овој дел на покривот, со показалецот од десната рака ја поттурна паларијата погоре над челото и потпирајќи се со десната рака на черчевето, се почувствува трогнат, в час замислувајќи се како Буш по победата во Ирак.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чудесни ми се гледаа тополите отаде реката - извишени, растреперени во есенското сонце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЛЕКСИКОН
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По онаа победа во трката на 60 метри станав популарен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Козарите ја славеа првата победа во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)