победа (имн.) - бев (гл.)

Сега, кога веќе бев сигурен дека дипломатската победа беше конечна, му дадов предност на одговорот на последното писмо на мојата мајка, пред пишувањето на значајната депеша од приемот кај претседателот на републиката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу учеше. Твојата желба за живот беше преголема, твојата верба за победа беше присутна цело време.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дали победа над победите беше тоа?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Глас: Сите имаа добра волја, но тие шеесетмина заедно со него се пробиле во таборот на Дариј, Јаваа преку купишта сребро и злато, расфрлано насекаде поземи, но победата беше поважна!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)