плоштад (имн.) - во (предл.)

Под споменикот на Пушкин на Пушкиновиот плоштад во Москва се сретнав со својата сопруг Људмила штотуку вратена од Израел и се обидов тука, под Пушкин, со неа да остварам полов акт.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да се апелира на сите оние што се согласуваат со начелата на декларацијава. На 6 мај 1992 г., групата Ирвин и Мајкл Бенсон ја изведоа уметничката акција ЦРН КВАДРАТ НА ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД во која учествуваа: Н.Абалакова (Тот-арт), Д. Ариупин, М.Брезник, С.Бугаев (Африка), Чарлс, Е.Чуфер, Б.Еделман, Ф. Флек, Џ. Хартен, Ј. Калерова, В. Кесиќ, И. Кулик, Е. и В. Курландзев, Г. Куриерова, И. Смирнова, К. Чувашев, К. Турчина и Д. Живадинов.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Триесетминутната акција се состоеше во простирање на црна ткаенина, 22х22 метри, среде Црвениот Плоштад во Москва.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Инспириран од случајот на првата официјална женска туча на плоштадот во Скопје каде неколку скопски шмизли се изџигерија меѓу себе со шамари и боксои поради богат момак кој се вратил од гурбет ме наведе на една анализа на овој феномен кој е сѐ поактуелен во нашата посткомунистичка транзиција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Винстон беше на демонстрации на еден од централните лондонски плоштади во моментот кога се случи тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никаде толку не се собираат како во Холандија, на Рембрантовиот плоштад во Амстердам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стојам пред „Александер плац“. Тоа е најголемиот плоштад во Источен Берлин и оттука се раскрстуваат сите трансверзали на овој неколкумилионски град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во продолжение ви го пренесуваме списокот на најпознатите појавувања на Хичкок во сопствените филмови. Станар - во сцената во книжарата Хичкок е свртен со грб кон камерата; при апсењето тој е еден од многуте набљудувачи. Убиство (The Murder 1930) - се појавува на патот. Уцена (Blackmail 1929) - во метро чита весник додека од соседната клупа го посматра едно мангупче. Триесет и девет скалила (The Thirty-Nine Steps 1935) - оди преку улица. Млади и невини (Young and Innocent 1937) - на судската расправа тој е еден од фотографите. Госпоѓата која исчезнува (The Lady Vanishes 1938) - за момент се појавува на лондонската железничка станица. Ребека (1940) - стои покрај телефонска говорница од која се јавува Џорџ Сандерс. Дописник од странство (The Foreign Correspodent 1940) - на улица оди покрај Џоел Меккреј. Господин и госпоѓа Смит (Mr. and Mrs. Smith 1941) - на улица оди крај Роберт Монгомери. Саботер (Saboteur 1942) - крај една трафика. Сенка на сомнежот (Shadow of a Doubt 1943) - во партијата карти во возот тој има Full House. Чамец за спасување (Life Boat 1944) - неговата фотографија во профил се наоѓа во огласниот простор на веникот што го чита Вилијам Бендикс. Маѓепсаниот (Spellbound 1945) - излегува од лифтот во хотелот. Озлогласена (Notorius 1946) - на приемот истура чаша шампањско врз душекот. Случајот Парадин (Paradine Case 1947) - носи голема кутија од виолончело. Јаже (Rope 1948) - оди по обоените делови од улицата. 44 Margina #21 [1995] | okno.mk Во знакот на Јарецот (Under Capricorn 1949) - се појавува двапати; на приемот кај гувернерот, и на скалите на владината палата. Трема (Stage Fright 1950) - на улицата зјапа во Џејн Вајман. Непознати во возот (Strangers on a Train 1951) - влегува во возот и носи контрабас. Се исповедам (I Confess 1953) - минува на врвот на големото скалиште (на кое има, како што забележува Трифо, точно 39 скали!) Повикај У за убиство (Dial M for Murder 1954) - еден од учесниците на групната слика која Реј Миланд му ја покажува на Ентони Давсон. Прозорец кон дворот (Rear Window 1954) - во станот на музичарот го дотерува ѕидниот часовник. Држете го крадецот (To Catch a Thief 1955) - покрај Кери Грант, во автобус. Неволјите со Хари (Trouble with Harry 1956) - оди покрај местото кадешто Џон Форсајт се разделува. Човекот кој премногу знаеше (The Man Who Knew Too Much 1956, римејк на Хичкоковиот филм од 1934) - на плоштадот во Мароко. Погрешен човек (The Wrong man 1957) - Хичкок го раскажува прологот на филмот. Вртоглавица (Vertigo 1958) - преминува улица. Север-северозапад (North by Northwest 1959) - трча по автобусот кој му ја затвора вратата пред нос. Психо (Psycho 1960) - стои пред вратата на трговецот со недвижнини, кај кого е вработена Џенет Ли. Птици (The Birds 1963) - со две кучиња излегува од продавницата за животни. Марни (Marnie 1964) - од хотелската соба излегува во ходникот. Искината завеса (The Torn Curtain 1966) - во хотелскиот хол седи со едно дете во рацете. Топаз (Topaz 1969) - на аеродромот седи во инвалидска количка. Лудило (Frenzy 1972) - еден од посетителите при уводното предавање. Семеен заговор (The Family Plot 1970) - неговата сенка на прозорецот од канцеларијата за статистика на жителството.  http://www.filmsite.org/hitchcockcameos.html Margina #21 [1995] | okno.mk 45 46 Margina #21 [1995] | okno.mkR.D. Laing е (анти)психијатар чие културно влијание е големо и неоспорно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Е, тогаш постои најголема опасност воајерите од плоштадот во Сиена да добијат проширено срце, што веднаш им се познава по заруменетите лица, а овде со векови наназад никој не црвенее од срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И пак долго ќе се мудрува, баш тука, на плоштадот во Сиена, колку минатото постои во сегашноста и колку иднината ќе постои во минатото?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сркачите на кафе на плоштадот во Сиена задолжително фрлаат поглед кон фонте Бранда – со едното око ги гледале историските папско-царски и богаташки промендани, а со другото око, ептен ококорено, ја пулеле сегашноста низ белите гради на сиенските моми кои се враќале од вода со раскопчани елеци, баш како во старите македонски песни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И пак нема точно да се знае, како што не се знаело и не се знае – има ли и колкава е разликата помеѓу шуплоглавците и полноглавците?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сега кафето што се служи на плоштадот во Сиена е без талог, па јасновидците со други алатки го распретуваат развратот од минатото, а на идните поколенија уште во времето на асолното кафе и онака им беше проречена рамнодушноста.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Беше живо и свечено на големиот плоштад во центарот на главниот град на јужната република како некогаш на големите првомајски или воени паради.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога се пее и се сонува на плоштадите во Картагена де Индиас, џабе ти песната, ако не знаеш да сонуваш, сонуваш - низ сонот полесно се разбира јавето на расно измешаните страдања, а некако полесно е и протирањето низ проѕирноста на делникот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Брацо Димитријевиќ „Намерата ми беше да создадам еден контра-модел и да предложам контра-став на постојната, доминантна мисла“, вели Брацо Димитријевиќ (р. 1948 година, Сараево, поранешна Југославија)140 за неговата серија Случајни минувачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ама не го знам името на плоштадот, како навистина да бев пристигнала на плоштад во Будимпешта и се бев загубила зашто не му го знам името; таму каде што едно име е еден плоштад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И дека на крајот од плоштадот започнува мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)