Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Имаме четириесет и три воденици и ни беа нужни осумдесет и шест тркалезни плочи за мелење. Сега сме помалку. Останавме најтврдоглавите. Дваесет и деветмина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Уште порано пративме човек со нешто пари, ги потсетил Онисифор Проказник. - Тој ви кажал, мислам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)