Дворот се начичка добро до народот и од неговата таговна вика. (Сите пак, не ги ни собра.) Сред плачот се стегаше народот надвор и благо секој на мртвото тело Кузманово сакаше да му се доближи: да го бакне неговото чело.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Солза по солза извира се тркала, паѓа.. Плач се слуша, нов живот се раѓа.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
СТОЈАНКА: Сум чула од татко ти. Вчера му зборувал на еден татков пријател, а тој му кажал на татко ми.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Татко ми е сиромав, самарџија... Најпосле јас имам под ноктите црно, кал... (Задржуваниот плач се пробива со придушено липање.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Слаб плач се истргна од градите на девојченцето. Слаб, немоќен, како да доаѓа од некоја бескрајна длабина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Боже, колку плач се нагледав!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нејзиниот плач се меша со едно плачење, со друго, со трето...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога влезе внатре, кога го видоа роднините и пријателите, плачот се крена до бога.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во жетвар беа ожнеани на Вичо - Коста и Доне, на Харо – Јане, Васил на Горуша.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стариот Начко секој ден ја биеше камбаната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така му рекоа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јане им погина на Бела Вода. А на Цветници, кога цутеше дренот, плач се растури во куќата на Митрашковци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)