платно (имн.) - на (предл.)

Разликата е во тоа што филмот, накитен и заводлив е дури уште позбиено повеќеслоен отколку платното на Веронезе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сонливите води на езерото нежно се будеа, бели и светли, кога тој го рашири и последен пат своето платно на истото место, крај црквата, од каде што водеше стрмно, кривулесто патче долу до изворот на езерскиот брег.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Илузорно платно на ограничен простор чии крај се сопствените агли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Времето се лизга низ моите нежни години, а се плашам од минатото, од просторот и времето застанати во еден миг, а секој миг претворен во слика насликана на платното на очајот која секоја вечер ме враќа на местото на злочинот, обоено со агонијата на немоќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се плашам од сопствениот одраз во огледалото, го гледам тоа што несакам да го видам, а тоа што сакам да го видам е од другата страна на стварноста, нејзината опачина е моето вистинско лице.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Целата оваа реалност е наметнато, екранизирано платно на сиви сенки, кукли од партали, гротескна претстава на сурогати, црно бели копии без идентитети кои моментално атрофираат ако врз нив истурите шолја црно кафе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите во соседството знаеле дека човекот што доаѓа е богат бизнисмен кој не жалел пари за да биде овековечен на големите платна на сликарот Соколовски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се мушнав и пробивав низ соби натрпани со изветвен мебел, грнци и лонци распослани по масите, засушени четки и празни платна на еден стар уметник кој заради својата мајка, воглавно, останал сам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А насекаде над главите ни летаат бледите фигури од платната на Шагал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И долго и широко ќе почнеше да ни расправа за јуначкото семејство Караѓорѓевиќ заповедајќи ни да носиме црно платно на јаките. - Треба, придавки, да разберете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Среќа негова, си мисли таа, што очите му се отворени па може да се простува со убавото утро и со синото платно на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и ми се стори невкусно кога токму овде Катерина избрза три-четири чекори пред мене за да ја изведе онаа заводлива игра со колковите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И веќе се на железниот мост. Сребреното платно на реката се расчеснува од столбовите што го крепат мостот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Александар, кој во времето кога сликата беше направена имаше година и пол, подоцна се сеќаваше дека, кога малку потпораснал, Зигмунд му рекол, покажувајќи на платното: “Ние и нашите сестри сме како книга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми стана, се исправи, се приближи до спротивниот ѕид, до платното на кое седум децении пред тоа бевме насликани ние – сестрите и браќата Фројд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доколку му забрани или го успорува влезот на Светиот ветар, во неговиот ум ќе владее темнината: тогаш како на пустинскиот рамен песок, ишаран од ветарот на пустината, во неговиот ум, секогаш ќе се повторуваат истите нешта, врз површинското платно на секојдневието.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Токму како на она големо платно на Шагал...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На преден план - декоративен и симболичен череп до него сушени риби, ракови и книги со позлатени букви на кориците: Vita Nuova, Comedia Divina визии од платната на талијанските мајстори од XVII-от век.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)