Според нив се нацртани неконцентричните примери со поинаква форма, кои со ротирање создаваат илузија на спирално движење, собирајќи се кон средиштето и повторно ширејќи се кон рабовите на дискот, така што перспективата која истовремено се губи во просторот, се проектира од платното во насоката на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Првата самостојна изложба ја имав 1980, имав нешто повеќе од 20 години, изложив 30-тина платна во мал, среден и голем формат.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дали приближно и веројатно психолошки фалсификувајќи можете да се обидете да го реконструирате тој порив на еден тинејџер да слика големи платна во стилот на Караваџо.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тогаш таа го стави платното во бакамот и го држеше потопен сѐ додека жолтата боја не го фати платното.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се пресели таа убост од платното во очите на Сликарот и го смири.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Понекогаш сè продира во него, во неговиот лик. (И тој се гледа како мртовец што чекори.) На централната свеченост, додека ждребците потскокнуваат по тактот на тапание, веднаш ги забележуваат двајцата прастари играчи, обајцата без маска, без украси, само со завиткано парче бело платно во рацете.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
На платното во големата хала со поставен вагон, почнуваат да се нижат живи слики од рација спроведена во некој од европските градови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Неочекуваниот настан, со откривањето на ова изветвено тробојно парче платно во семејството, за Татко беше и добар повод да „расчисти” со Мајка за некои делови од „италијанското прашање” во кои беше вплетено семејството и чии последици би можеле, во текот на животот, да се одразат врз децата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)