платеник (имн.) - на (предл.)

Цезар платеник на војска на моќници и богаташи.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И се смириле до безгласност зашто Арсо и Цветко прераскажале дека виделе на пат осуммина под пушки и со секакви ножови и кубури во појасите, бездруго арамии или платеници на бегот воденичар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето нерешително се преместувале од нога на нога и не сфаќале што е сега, не ли е рано за починка?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се сложувал нешто со бугарската политика во однос на Македонија и го убиле некои платеници на бугарскиот двор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сите се платеници на ЦИА пичка им материна - изнервирано ми одговори Амди Кола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)