За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инаку фразата „принуден одмор“ de iure не постои во законскиот текст на ЗРО, но со овој институт пред сè се означува неплатено- то отсуство од работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој полугодишен период е прилично кратко време, ако се знае дека според нашето облигационо право, другите побарувања утврдени со судска одлука застаруваат за десет години!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Износите кои на Лозановски му се запирани од платата во месеците кога се 228 применува мерката, се движат од 400 до 800 ден. месечно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од мај до ноември 2008, во битолскиот Основен суд се одржаа вкупно четири рочишта за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кај нас постои и посебен закон за оваа област: Закон за исплата на платите во Република Македонија (1994).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Плаќањето на работата, по договорот за вработување, мора да биде секогаш во парична форма (чл. 105, ст.1-2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во почетокот на ноември 2008, судот (преку судијата Ѓ. Христовски – претседател на советот, и судиите поротници – В. Петровска и В. Чалдарова) – го усвои тужбеното барање на Лозановски и во донесената пресуда ја задолжуваат „Топлификација Битола“ ДОО Скопје да му исплати вкупна сума за главното побарување од 68.902 МКД (1.130 ЕУР), и тоа: а) на име неисплатен дел од плата сума од 8.080 МКД (135 ЕУР) – збирно за 12 месеци: јуни-септември 2005 год.; јануари- февруари, мај-август 2006; јануари-февруари 2007; б) разлика на плата во износ од 25.129 МКД (410 ЕУР); в) надомест за исхрана во износ од 29.093 МКД (475 ЕУР); г) надомест на трошоци за превоз до и од работа, во износ од 6.600 МКД (110 ЕУР) – сето во рок од осум дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според обата наведени закони плаќањето на работниците со „бонови“ е нелегално по секој основ бидејќи се забранува исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци на плати во бонови и натура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата во случаите и под условите утврдени со колективен договор – но, најдолго три месеца во текот на календарската година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
В. чл. 368 од ЗОО. 31 (чл. 227, ЗИ) – што, пак, се очекува да даде поочигледни резултати при ефективното спроведување на судските одлуки во сила, знаејќи дека тоа лице ќе биде и лично погодено со оваа негативна санкција, доколку на дело не ја спроведе судската пресуда која е во корист на работникот. 3) тенденциозно бришење на цел еден појаснувачки член, кој што го регулираше надоместот на плата во случај на враќање на работникот: имено, во новиот ЗИ/05 целосно е испуштен чл. 226 од стариот ЗИП-ка (1997), којшто предвидуваше дека работник, кој поднел предлог да биде вратен на работа во правно лице, може да предложи судот да донесе решение со кое се определува дека правното лице е должно да му ги исплати, на име плата, месечните износи пристигнати од правосилноста на пресудата – додека не биде повторно вратен на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај оваа незаконска мерка, во овој период, исто така неосновано му е намалена и месечната плата во износ од околу 1.000 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судијката (Х. Мешкова) го прифати предлогот и на истото рочиште донесе таква пресуда со којашто, нормално, го усвои тужбеното барање на Љ.Н. и го задолжи тужениот работодавач – во рок од осум дена од приемот на пресудата – да му ја исплати вкупната сума за осумте заостаната плати во висина од 46.327 МКД (750 ЕУР), зголемена за законската казнена камата која течеше до денот на исплатата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
116 3 Закон за минимална плата во Република Македонија (И.К.)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
16 Согласно чл. 4 од Законот за измена на Законот за минимална плата во Република Македонија (бр. 30/14) минималната плата за 2015 година ќе изнесува 9.590 денари во нето износ, освен за одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа чија висина ќе изнесува 8.050 денари во нето износ, измена која уште еднаш го потврдува дискриминаторскиот карактер на законот кон работниците во овие индустриски гранки.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Плаќање на работата Кај онерозноста (правото на работникот на плата за извршена работа) во периодот на нашата анализа дојде до 4 измени и тоа: ● се воведе нова диспозитивна одредба со која работодавачот може на работникот да му исплати и 13-та плата, но само доколку тој има таква можност за исплата (чл.24 од ЗИДЗРО/септ.10); ● со носењето на Законот за минимална плата во Република Македонија,31 терминот „најниската“ повеќе не се употребува во внатрешната легислатива и е супституиран со терминот „минималната“ (чл. 25 од ЗИДЗРО/септ.10); ● беше воведена обврска за работодавачот на работникот да му ја исплати платата на начин утврден со закон,32 но за сметка на ова 30 Закон за пензиското и инавалидското осигурување (2012), Сл. весник на РМ – 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 31 Закон за минимална плата во Република Македонија (2012), Сл. весник на РМ – 11/12, 30/14 и 180/14. 32 Кај нас постои посебен Закон за исплата на платите во Република Македонија (1994), Сл. весник на РМ – 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09, 97/10, 11/12, 145/12, 170/13, и 139/14.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Третата промена, пак, е додавањето на одредба во ЗСС (2014) според која судските службеници, исто како и административните службеници, за време на штрајк имаат право на плата во висина од 60% од платата што ја примиле претходниот месец (чл. 77, ЗСС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Правото на работодавачот да го зголеми утврденото право на плата во висина од 5% остана да важи и со рогацијата од декември 2013 година, започнувајќи со исплатата за октомври 2014 година. (чл. 1 од ЗИЗИПРМ/дек.13) 118 Закон за исплата на платите во Република Македонија, Сл.весник на РМ, 70/94.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се определи дека како отсуство не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор кај правото на работникот на бонус во висина од една просечна плата во Републиката, ако тој работел над 150 часа подолго од работното време, а притоа не отсуствувал повеќе од 21 ден (чл. 22 од ЗИДЗРО/фев.13); 28 Оваа дефиниција ја замени претходната, противуставна формулација која гласеше – „Работно време е секој период во кој работникот работи и е на располагањена работодавачот за извршување на работите и работните задачи согласно со закон“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Дополнително беше избришан чл. 5 од ЗИПРМ кој нормираше дека „просечната месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот не може да биде пониска од 50% од просечната месечна нето плата по работник на одделот на кој му припаѓа работодавецот регистриран согласно со Националната класификација на дејностите, објавена во тековниот месец.“ (чл. 2 од ЗИЗИПРМ/јан.12) Измената на ЗИПРМ од ноември 2012 година предвиде дека работодавачот може утврденото право на плата во 2013 година да го зголеми за 5% почнувајќи со исплатата од декември 2013 година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Одредбите на овој закон не се однесуваат, односно применуваат на самовработените лица. (чл. 3) Во законот е предвидено дека минималната плата изнесува 39,6% од просечната бруто плата во РМ за претходната година, а висината на истата е предвидено да ја одредува Министерството за труд и социјална политика по претходно прибавено мислење од Економско - социјалниот совет. (чл. 4) Надлежен за контрола при исплаќање на минималната плата е Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика. (чл. 5) Предвидено е дека доколку инспекторот за труд утврди неправилности сторени од страна на работодавачот истиот е должен да состави записник во кој ќе бидат утврдени сите неправилности и ќе му остави рок од 8 дена во кој рок работодавачот е должен да ги отстрани неправилностите и истовремено ќе му биде врачена покана за спроведување на едукација на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се интервенираше и кај одредбите кои ја регулираат професионалната рехабилитација на работниците каде е утврдено дека осигуреникот кој стекнал право на професионална рехабилитација, од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на почетокот на професионалната рехабилитација, за време на професионалната рехабилитација и од денот на завршетокот на професионалната рехабилитација до вработувањето на соодветното работно место, има право на надоместок на плата во висина на инвалидската пензија во случај на професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Законот за минимална плата во Република Македонија (ЗМП) беше донесен на 24.01.2012 година120 и од тогаш има претрпено две измени и дополнувања.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сепак, беше предвидена можност работодавачот утврденото право на плата во 2010 година да го зголеми за 10% започнувајќи со исплатата за септември 2010 година (чл. 1). 182 3.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Една од тие разлики беше разликата во пресметката на максимално дозволената висина до која се исплаќаат платите во дејностите прецизирани со закон.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето плата во Р. Македонија во дадениот период (чл. 3); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Членот 5, кој го регулира правото на работникот на надомест на плата и зголемена плата во согласност со законот и колективниот договор, остана непроменет. 1. Закон за празници, Сл. весник на РМ 21/98. 2. Закон за измени и дополнувања на Законот за празници, Сл. весник на РМ 18/07.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со оваа измена и дополнување на ЗИПДНД (1992), новите казни беа драстично зголемени имајќи ја предвид просечната плата во 1992 година. 10 Дотогашните 45.000 до 450.000 денари кои беа предвидени доколку правното лице ги исплати платите и надоместоците спротивно на одредбите на овој закон беа заменети со 150 до 200 просечни месечни плати, додека казните за одговорното лице кај правното лице, од 2.500 до 25.000 денари, беа заменети со 30 до 50 просечни месечни плати (чл. 2, ЗИЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај тоа, со овој закон се пропиша дека, покрај паричната казна за стопански престап, може да се изрече и заштитна мерка – забрана за вршење на определени должности во траење од шест месеци до една година (чл. 15, ЗИПДНД/93). 10. Согласно податоците на Заводот за статистика, просечната плата во мај 1992 година изнесуваше 42.858 денари. 186 Измената и дополнувањето на ЗИПРМ од 1997 година пов- торно ги промени казнените одредби, при што казните станаа по- благи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа значи дека ако трошоците за храна и превоз на волонтерите го надминуваат максимално утврдениот износ од 15% од просечната месечна плата во Републиката, организаторот на волонтерската работа нема обврска да ја исплати разликата над овој износ.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, доколку просечната исплатена месечна нето плата во РМ за месец ноември 2009 година била 19.918 денари, 9 а согласно ЗИПРМ пред измената од 2008 година, минимумот што можел да го исплати работодавачот како просечна месечна нето плата изнесува 12.947 денари.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Измените од 2007 година предвидоа можност за работодавачот да го зголеми утврденото право на нето плата во периодот од 2007 до 2009 година за по 10% годишно, започнувајќи со исплатата на платата за септември 2007 година (чл. 7, ЗИДЗОПРМ/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со таа разлика што сега промените не се однесуваат само на пресметувањето на пензиската основа при добивањето паричен надо- месток во случај на невработеност, туку го опфатија и надоместокот на плата во случај на привремена спреченост од работа поради болест и повреда, отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство или професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имајќи предвид дека просечната исплате- на нето плата во РМ е 20.240 денари, 4 а средниот курс на еврото во моментот на пишувањето на оваа анализа е 61.5 денари за едно евро, казните кои работодавачите, самовработените и одговорните лица за вработувањето на странците треба да ги платат доколку не се прид- ржуваат на одредбите од законот, се многу помали од пропишаните во законот од 1978 година (чл. 39-49, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со измените од 2008, исплатата на овие трошоци се ограничува до износ кој може да биде најмногу до 15% од просеч- ната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, наместо само врз работодавецот, со новиот Закон, е предвидено со ваква казна паралелно да се казни и одговорното лице кај работодавецот (чл. 227, ЗИ/05) – што, пак, се очекува да даде поочигледни резултати при ефективното спроведување на судските одлуки во сила, знаејќи дека тоа лице ќе биде и лично погодено со оваа негативна санкција, доколку на дело не ја спроведе судската пресуда која е во корист на работникот. 3) тенденциозно бришење на цел еден појаснувачки член, којшто го регулираше надомест на плата во случај на враќање на работникот: имено, во новиот ЗИ (2005) целосно е испуштен чл. 226 од стариот ЗИП (1997), којшто предвидуваше дека работник, кој поднел предлог да биде вратен на работа во правно лице, може да предложи судот да донесе решение со кое се определува дека правното лице е должно да му ги исплати, на име плата, месечните износи пристигнати од правосилноста на пресудата – додека не биде повторно вратен на работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)