Зашто во истиот тој период, рекапитализацијата на американските градови, заедно со нејзината нужна поткрепа преку урбанистичко планирање и реновирање, веќе почнуваше да го менува урбаниот крајолик на САД.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Сан Франциско, процесот на планирање започнал во 1950-тите години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443
Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На крајот, несреќното совпаѓање на епидемијата на ХИВ/сидата со напливот од урбанистички и земјиштен развој, џентрификацијата и следователното поскапување на недвижностите во 1980-тите години ги разорија геј-гетата што кон крајот на 1960-тите и 1970-тите и почетокот на 1980-тите години беа центри на геј-живеењето и на геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)