планина (имн.) - на (предл.)

Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со време, заборавија луѓето на небесниот бик зашто далеку беа снежните планини на Кападокија за да го побараат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се случил пред повеќе години во Сарајаново, отаде сниската гола планина на исток.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изгледаше како да го направил некој незаконски производител на виски од планините на Тенеси или Џорџија во САД за време на прохибицијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Народната уметност, таа „планина на народниот дух, папокот на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот живот“ (повторно ја задевав Луција), онаа традиционалната, нема познат автор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Има една планина на лицето од земјата“, рече Филозофот, „што се вика Папок. Одиме да ја посетиме“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Старецот вистински беше радосен: Жетвата во планината на чуден начин го возбудуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Назад- зад куќарчето планина на која се гледа село со растурени куќи овде-онде е ретка шума.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А потоа наеднаш сум потонал во реката на сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и разговараше со некого (не сум сигурен маж ли беше или жена); се довикуваше со него или со неа преку планините на ноќта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ослепен, крвав, без една рака или нога, го наденале на кол под скопскиот мост да го слуша плачот на Вардар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мажи и жени и по некоја уште нестасана девојка ги собираа и ноќе пренесуваа оружје од магазините во Преспа до планините на Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Планините на сабајле треба да се лижат штедро, скокотливо, одвнатре по преслапите, по пресеците, по вршниците дал-господ јазици и за на небо и за по земја и под, и над, и пред и по треба да се диши длабоко, однапред да се ублажи налетот на дневниот молк сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За оваа незаинтересираност може да се наведат повеќе причини, но како основна треба да се смета августовското попладне кое беше и премногу натрупано со оган што бавно се влечеше кон модрите високи планини на запад.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сепак малку подоцна Филип Д. (во тоа сосема е сигурен) наеднаш се виде себеси поставен на огромната височина на денот , таму од каде што преку планините можеш да ја видиш ноќта во нејзиното мрачно легло; или, (што исто така беше можно) се виде качен на високата планина на ноќта па оттаму, преку ридовите, го гледаше денот како забрзано ја освојува планината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Филиповиот сопатник од кабината, инженерот Жил Бутрен, седејќи крај металната масичка, си го пиеше пијалакот во сенката на чадорот со боја на пламен, кој оддалеку прилегаше на огромен портокал што плови по морето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Соголените планини на Херцеговина ја држеа Рагуза под огнот на усвитените огледала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И луѓето на таа стара раса, сонувајќи го денот кога Земјаните ќе се вратат, го изградија овој град, и името на тој град беше и сѐ уште е Одмазда, на Планетата на Темнината, во близината на брегот на Морето на Вековите, покрај Планината на Мртвите; сето тоа мошне поетично.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
МАНИРИЗАМ четврти дел Густав Рене Хок Извртениот свет Едноставниот принцип на создавање „арчимболдески“ беше широко прифатен во театарот, балетот, карневалот и модата по 1600-та.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во еден дворски балет изведен токму 1600-та во Болоња („Планината на Кирка“), кавалерите се претвораат во животни и обратно. И пак: она неживото оживува!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)