Додека Шмит-Ротлуф, Хекел, Ото Милер и Пехштајн во текот на дваесеттите години пронајдоа посмирен и поприроден начин на изразување, Кирхнер во самотијата на швајцарските планини го разви своето зрело дело засновано врз обработка на монументални обоени површини, коешто по 1930 премина во линиски орнаменти блиски до апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Планините го отежнуваат соединувањето на сите Македонци за заедничка борба со непријателот, а пак им ја олеснуваат работата на Византијците, зашто со разместувањето гарнизони во нив тие можат да ги држат Македонците во послушност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Хартијата од која градиш брод за внукот можеби е лист од поетска тетратка Или само потсетник, азбучник, а можеби и обичен збир од зборови при обид за песна во која ќе се разјасни случајот со украденото море: “Зошто преку планини го занесоа во непознат крај?“
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)