писмо (имн.) - веројатно (прил.)

На тој начин, архаичниот грчки систем од 23 знаци во алфабетски ред, кој завршува со симболот ypsilon, го сочинува она првобитно општо јадро, од кое подоцна ќе се развиваат сите останати варијанти на грчкото алфабетско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Или поточно ме потсетува на Благоја но само во една поединост! (Оваа додавка на крајот на писмото веројатно ја беше уфрлила за да ме развесели).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквиот архаичен грчки систем на писмо веројатно е создаден како резултат на индивидуално творештво на некоја истакната личност, која успева да го прилагоди старосемитскиот систем на писмо кон фонетскиот систем на грчкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)