писмо (имн.) - во (предл.)

Истовремено, во грчкото писмо суштествено се реформира старосемитскиот систем на писмо, затоа што воведувањето на посебни знаци за вокали го претвора старосемитското консонантно- силабичко писмо во, конкретно, алфабет, кога секој графички симбол означува одделна фонема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овие фонетски единици на коптскиот јазик добиле дополнителни шест зна­ци, чиј прототип за нацрт е земен од локалното демотичко писмо, при­тоа, новите знаци на коптскиот алфабет се сместени веднаш по грчкиот дел.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквите знаци на писмото во идеографските или семасиографските системи ја заобиколуваат фонетската вредност на конкретниот јазик и адекватно се читаат од претставници на разни јазици, кои ги познаваат тие знаци, т.е. го познаваат она, со кое што корелираат тие знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа претпоставува, исто така, и првобитно создавање на архаичното грчко писмо во едно определено место, најверојатно на островите на јужниот архипелаг, како и натамошно ширење на истото во облик на различни локални варијанти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи секој систем на писмо, а особено алфабетот, претпоставува имплицитно претходна фонетско- фонемска анализа на јазикот од страна на составувачот на писмото, тогаш секој систем на писмо претставува најстар пример на лингвистичко истражување во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во случајот со фонографските системи на писмо, познавањето на системот на писмо претпо­ставува претходно познавање на врската меѓу знакот на писмото и конкретниот збор или фонетски сегмент од пониско ниво, слог или звук, во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, треба да се рече дека Ал Недим бил добро запознаен со неколку системи на писмо и течно говорел неколку јазици, така што секако би го препознал писмото, ако истото му било познато.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имињата на знаците од коптското писмо во суштина се соодветни со имињата на знаците на грчкото писмо, додека во конкретно коптскиот дел од системот на писмо, имињата на знаците се засновани врз соодветните имиња, преземени од демотиката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, тоа не е случај. 98 okno.mk На ваквите сведоштва се надовр­зу­ваат бројни словенски зборови, забе­лежани во грчки текстови и со грчко писмо во ареалот на јужните Словени, како и одделни зборови и реченици за­бележани со латинско писмо во ареа­лот на западните Словени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Треба да се нагласи дека оваа врска честопати е конвенционална, а без доволна основа се смета дека конкретно писмото е застапено во фонографските системи на писмо, додека идеографијата се смета за предвесник на писмото во неговиот филогенетски развој. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како резултат на таа дејност, моделот на писмо во јазикот за кој се создава писмото, индуцира определено множество од фонетски единици, чија целокупност го сочинува планот на содржина на новото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквиот архаичен грчки систем на писмо веројатно е создаден како резултат на индивидуално творештво на некоја истакната личност, која успева да го прилагоди старосемитскиот систем на писмо кон фонетскиот систем на грчкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со други зборови, во таквите системи на писмо планот на содржината изразен со зборовите на конкретниот јазик, непосредно се одразува во знаците на писмото, со што знаците на писмото ја играат улогата на единици, кои покрај зборовите од конкретниот јазик ги изразуваат и универзалните појмовни категории од разните нивоа на апстракции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, беше сочуван нацртот на знаците, нивните имиња и насоката на писмото од десно кон лево, што се комбинираше со насоката од лево кон десно во секој нареден ред - бустрофедон начин на пишување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со ова се зачувува редоследот на грчкиот систем на писмо во готското писмо, а со тоа се зачувува и можноста на пренос на бројните вредности со помош на знаци на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, со употребата на грчкиот алфабет како прототип за создавање на готски систем на писмото, Вулфила не ги отстранува знаците кои ги прикажуваат типично грчките фонеми, туку на соодветни места истите ги заменува со знаци со типично готска фонетска вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури тој мисли, еден од демонстраторите му носи писмо во обичен син плик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Атанасиус Кирхер го создал првото практично употребливо кодирано писмо во своето дело Polygraphia nova et universalis (1663) и таа книга и денес е една од најбараните на тој неуморен германски исусовец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Едната со црно писмо во клунот Другата со гол лист.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јазикот на поетското писмо „За разлика од музичката писменост, вели О Мандељштам, од нотното писмо на пример, поетското писмо во значаен степен престставува голема белина, отсуството на многу знаци и забелешки кои се подразбираат и кои единствено го прават текстот сфатлив и законит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во меѓувреме на Брчалото пак му дојде писмо во жолтеникав плик од Америка и, откако тој се осигури дека работите на Тумбица добро се одвиваат, пак се изгуби од Брезница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кажуваше Филозофот собитија чудесни уште многу, а јас го слушав со уста подзината, со очи ококорени, со душа возљубена по ука; говореше дека таа топлина и самиот веќе може да ја почувствува, иако не толку јасно како слепецот од Кападокија; говореше дека огнот е праизвор на писмото, како што сонцето е извор на денот, исток негов; говореше дека огнот е и утока на писмото, крај негов, оти секое писмо во оган се претвора; книгите горат затоа што во нив има букви, и топлина огромна; оти не можеш да запалиш нешто во што топлина веќе нема, како што е тоа со каменот или водата; затоа што е потешко да запалиш камен одошто дрво и хартија; но и каменот, велеше може да согори ако на него се забележи писмо топло, и доказ за тоа се ѕвездите опашести; говореше дека сѐ на овој свет е писмо, дека целиот свет е книга; говореше чудесни нешта а јас го слушав и толку се занесов што не забележав кога вратата се отвори и влезе отец Стефан Лествичник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го остава телефонот, со писмото во рака, ја отвора горната фиока – има сè: копчиња, селотејп, кутиче витамин Ц, но проклетите ножички никаде ги нема.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И ни праќаа писма во кои ни пишуваа дека ги растурија низ цела Бугарија и дека тој кој нема да потпише изјава дека не е Бугарин, тешко дека ќе добие стан и работа што прилега на неговата професија и образование.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едно попладне Винсент ван Гог на својот брат му пишува писмо во кое ја опишува лудницата во Сен Реми: „Те уверувам дека овде ми е добро и дека привремено не гледам никаква причина да дојдам во Париз.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На син облак качен стои простум стрико Бојан Димански, ни рајски ни адски, и насмеано гледа кон земјата и кон мене и во писмото во моите раце, кое сетака чадеше и кадеше и ги гореше прстите мои.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ноќта и тишината ѝ овозможија тоа што го читаше во писмата во миг да го претвора во слика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Си го преспала денот. - изненадената Рада имаше само толку време колку да го пикне писмото во пазувите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека ги подготвуваше крпите за посетата на јодната бања, Јана низ прозорецот го здогледа поштарот како става неколку писма во нејзиното поштенско сандаче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако не оставиме да ги осветат грчки попишта, а ние нема да оставиме, ако писмото во црквата биде наше, а не грчко, ако децата во училиштето не учат наше писмо, а не грчко, ако во општината се служиме со наше писмо и наш јазик, црквата, општината и училиштето ќе бидат наши а не грчки, вели Максим Акиноски и ја зема од скутот тутурката која на краевите и на средината е заврзана со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, Јосифовото објавено писмо во цариградскиот весник, многу христијани во Потковицата и во Прилеп, и некои кои знаеја книга и некои кои не знаеја, едни од други наизуст го изучија, како Оче наш, и секогаш кога ќе се ставеа со гркомани, за да ги лутат, го кажуваа: „Господине Гајдарјо!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Писмо во плетенка од коса - фер ќе беше да ни кажеа дека младите курирки ги шармираа војниците на Третиот рајх, а не дека го криеле писмото во своите плетенки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ги остави сите свои работи, дури и прстенот од претходниот брак, со писмо во кое напиша дека не е способна да ја преживее бурата на таа луда љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Почна да се губи белината од двете писма во нејзиниот скут.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зар не гледате дека тој е убеден оти сите луѓе би го скриле писмото, можеби, не во издлабено дупче од ногалката на столот, туку секако во некоја дупка или зафрлено ќоше, поттикнати од истиот начин на мислење што би ги навел да го скријат писмото во издлабено дупче од ногалката на некој стол?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе му недостига. Понекогаш знаеше да биде многу фин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Има долготрајни и краткотрајни љубови“, му рече Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чистачката со дремлива зачуденост го гледа свитокот, текстот не го разбира, некои чудни спојки, чудни ченгелчиња, некое “писмо во шише”...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сликата ја најде во ковчегот на Видуша заедно со неиспратеното писмо во кое му пишуваше: ”Кога веќе не дојде да го видиш сина си додека беше жив, имај го на слика: нека ти ја гори душата како што мене ми ја изгоре кога ми кажаа другарчињата негови дека се удавил во Голема Река каде што се капеле.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оваа слика, по завршувањето на војната, мајка му ја прати на Богдан и писмо во кое му кажа за неговата смрт и за неговото претчувство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од своја страна, грчкото писмо станало модел за етрурското (околу 800 г. п.н.е.), од каде што дошле буквите за староримскиот алфабет и, во крајна линија, за сите западни алфабети. подготвил и превел: Аббе Бузони Алфабетски писма Разноликоста на алфабетските писма во светот може да се види од овој избор на одломки од библиски текстови (E. Gunnemark & D.Kenirick, 1985) ВО СЛЕДНАТА МАРГИНА НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА КИРИЛИЦАТА!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пиктографско писмо Во овој систем графемите (коишто често се нарекуваат и пиктографи или пиктограми) овозможуваат препознатливи слики на постоечки нешта.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, си помислив вакви информации не треба да пишувам во писмо во воено време и го одложив писмото во една книга.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас седнав да им напишам писмо на моите да ме чекаат во Скопје, да се видиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го запечати писмото во мал син коверт и, предавајќи ѝ го на тетка Асја, ѝ ги бакна рацете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа отиде до прозорецот, носејќи го писмото в раце.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во моментот кога Карл беше сигурен дека успеал да го стави писмото во џебот на панталоните, тоа веќе се наоѓаше во раката на Марша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И како што не ретко, случајностите во животот носат непредвидливи настани, поштарот му го даде писмото в раце токму на Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа тргна пред него, со писмото в рака.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој сфаќаше каков шок доживеале кога им го испрати писмото во кое ги извести дека со него живее жена што е од друга држава... Од друга националност...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кадијата стана со писмото во раката, му се приближи и осорно му го подаде. – Ha! Земи! Утре уште в зори да тргнеш. Ќе чекам абер.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите овие денови додека го чувствуваше писмото во пазувата тие тие напињаа, ама не пробија. Сега двете очи се одзатнаа и џуркат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сигурно го задржале писмото во полицијата!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
V Настанот околу испраќањето на писмото во Италија за каталогот на Ла Ринашенте, за Татко се чинеше завршен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дури другите си лежеа и почиваа, Планински го скри писмото во самарчето од коњчето и пак го соши.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Како секојпат, така и вчерашниот ден, Трајче отиде во Струга, го однесе писмото во Самарчето и му го предаде на чичко Талета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Евто со Трајчета му пристапија на Дорчо, кој стоеше во буките, му го скрија писмото во Самарчето, се поздравија со Планински и тргнаа...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Почетокот е илуминација на свет- текст принесување животни и растенија пред идејата и чинот почетокот е прекршување на небото во алхемиското огледало на писмото во црвените и црни курзиви во она што нѐ одликува од другите она по што го паметиме сижето - животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Големиот Мајстор го дочита писмото до крај, потоа, сеуште држејќи го писмото во рака остана уште долго замислен во својата фотелја додека во собата бавно надоаѓаше ноќта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во нејзиниот живот имаше повеќе празнини и денови на осама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И во мрачните, и во ѕвездените ноќи, и во растрепереното пламенче на свеќата и на фенерот обесен на гредата, не гледа и не очекува смирување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вудвосана, оди полека и, кога стигна на рудината од каде што се гпеда големата сина вода, малку си почина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица го стави писмото во еден плик на кој беа залепени две канадски марки; бегајќи од дома, од куќата опфатена со пламен, таа само толку успеа да земе од целата покуќнина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Може да се рече дека раскажувањето, како и сонувањето, отсекогаш било и секогаш ќе биде составен дел на живеењето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само што позициите на ликовите сега се сменети: ако во твојот расказ дедо ти ти пишува писмо во Париз каде што си ти на студиски престој, сега јас од Париз ти пишувам нешто како поговор.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
6 Со нееднаков и, во суштина, несигурен успех, ова движење се стремеше, како кон свој telos, кон затворање на писмото во една второстепена и инструментална функција: функција на преведување на еден полн и наполно присутен збор (присутен за себе, за своето означено, за другите, самиот услов за темата на присутноста воопшто), техника во служба на говорот, портпарол, толкувач на еден изворен збор кој самиот е изземен од толкувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За овие проблеми, спореди и G-G. Granger, Pensée formelle et sciences de l’homme, p. 38 sq.. и особено pp. 43 i 50 sq. ( за Renversement des rapports de la langue orale et de l’écriture). 2).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите дела посветени на историјата на писмото оставаат место за проблемот на воведувањето на фонетското писмо во културите кои дотогаш не го употребувале.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Системот на „разбирање- зборување“ преку фоничната супстанца - која се подава како не-надворешен, не- световен, значи, неемпириски или не-контингентен означител - мораше, во текот на цела една епоха, да доминира со историјата на светот, дури и ја произведе идејата за светот, идејата за потеклото на светот, поаѓајќи од разликата помеѓу светското и не-светското, надвор и внатре, идеалитетот и не-идеалитетот, универзалното и не- универзалното, трансценденталното и емпириското, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тоа ќе зборуваме подоцна, по повод книгата на M. -V. David.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму затоа поимот на техниката никогаш нема едноставно да го расветли поимот на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јеѕрrе seulement que la tсhе que vous vous tеѕ dоnnе, de реrрtuеr la mmоirе familiale, vous aidera vivre le plus longtemps possible. Hlnе Lejbowicz IX Пишувајќи $ на Елен Лејбовиц, од писмо во писмо, јас не престанував да трагам по нејзиниот идентитет, по нејзината професија и, конечно, по мотивите заради кои ми пишуваше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сtаit bref, clair et simple. Pourvu que lаррliсаtiоn de ces dispositions soit aussi simple! Entre-temps comme vous me lаvеz aussi сrit, vous avez d aller Bucarest о, mаlgr ce que lоn raconte sur tous ces enfants аbаndоnnѕ dans les rues, et tous ces chiens errants, јеѕрrе que vous aurez fait dintrеѕѕаntеѕ et enrichissantes rencontres autour de vos livres. Hlnе Lejbowicz XXX Елен Лејбовиц од писмо во писмо не престануваше да ме предупредува дека пишувајќи ми, нема никогаш да ми зборува за себеси, а уште помалку за своите здравствени проблеми, кои ги нарекуваше бизарности.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав впечаток дека таа излегуваше од светот на мојата балканска сага што си го беше утврдила како главен домен на својот интерес во нејзините писма, предизвикана од актуелноста и неизвесноста на настаните, за потоа повторно да се врати на моите текстови и да ми се придружи во мојата потрага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тишината беше мудрата таткова потрага на одговорите од вревата на утрешниот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Луан Старова XVI Бев повеќе од сигурен дека Елен Лејбовиц нема веднаш да ми одговори на моето писмо во кое опширно пишував за амбасадорот Патрик Крисман, односно мојот преведувач на француски јазик Клеман дИсартеги, но не се сомневав дека таа тоа ќе го стори во едно од подоцнежните писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ваква обединувачка тишина откривате прикажана и во Татковите книги, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знам зошто така го скрив, за никој да не може да го види и да го прочита.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го ставив писмото во пликото и го скрив во мојата најдесна фиока каде што си ги чувам најважните нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)