писмо (имн.) - каков (зам.)

Тоа писмо, со кое бил испишан пергаментот, не било ни арапско, ни грчко, ни турско, ни грузинско, туку некое писмо какво што луѓето дотогаш не биле виделе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можните графички измени во системот на писмото се прикажуваат во нацртот на графемите и во заедничкиот гра­фички облик на писмото, кој се условува со промените во мани­рот на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таа сми­сла, во поглед на секое писмо може да се постави прашањето, дали системот на писмо каков што го познаваме и што допрел до нас претставува оригинален облик на писмо или е доцнежна разновидност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она му тури трапеза да го гости, и напои го, и извадила му скришома книгата што му ја дал негов господар и турила свое писмо какво да го е момчето пратило на татка си, така написала: „Отче, да знаеш зашто таја моја жена била дштерка на еден лош человек убијца и за нејни лоши работи пресекле еи руки.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)