Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Рада веќе не рече ни збор. Двете писма ги стави во тајните внатрешни џебови на својот планинарски ранец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Инструкциите како да го достави писмото ги напиша на друг лист.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Маларме поетот го нарекува „волшебник со букви“, а алхемичарите во едно писмо ги нарекува „претци“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Навистина, нејзините писма не го потврдуваа тоа, но во мојата вообразба сред осаменоста, тие писма ги гледав во различна светлина, понекогаш дури и како утеха.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Фонолошкото писмо претставува вештачки запис на звучната слика на јазикот во термини на фонолошките, фонемни единици на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Фонетскиот систем на писмо ги фиксира одделните фонетски единици на јазикот без оглед на нивниот статус во системот на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Поетот Френо писмата ги пишуваше како еден вид продолжение на неговите песни, доживеано, импресивно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Или едноставно заминувале негде, и еден по еден нивните потписи во писмата ги снемуваше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За да ти поверувам тебе и на твоите тврдења, еден добар дел од својот живот и од животот на татко ти ќе треба да го отпишам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)