За системите на писмо може да се зборува врз основа на графетички фактори, како што се големината, стилот и конфигурацијата на симболите, или смерот на пишувањето; но ова не ни помага да ја разбереме суштината на графемите и како тие се употребуваат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Иако за ова писмо можеше и да претпостави, синото се уште и претставуваше енигма, но за неговото отворање сѐ уште не беше дошол денот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Какво писмо можел да напише мртовец, иструлен и земјосан?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Речениците му беа неуверливи и смешни, едно такво писмо можеше да го испрати в лудница.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Интересна структурна сличност покажува групата на букви Ц, Ч, Ш од глаголицата со групата на букви (во обратен редослед) Ш, Ч, Ц во старата грузиска азбука, при што доаѓа до совпаѓање и на бројните вредности на буквите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во случај врската меѓу сигнансите на идеографскиот систем на писмо и соодветните појмовни категории да е условна, тогаш таквиот систем на писмо го карактеризираме како условен или конвенционален.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е случај кога отсуствува надворешна сличност на знаците- симболи од писмото со објектите од реалниот свет, со кои тие корелираат, а како пример на ваков тип на писмо можеме да ги посочиме броевите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Системот на старото грузиско писмо можел да му биде познат само на еден добро образован филолог, каков што бил Константин.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Поминаа денови и денови и писмото можеше едноставно да се стопи од жештината на нејзините полни гради, почна да се титка, некои букви да бледнеат, други да се разлеваат и Чана мораше да почне да им го чита писмото додека уште можеше да се види дека навистина е писмо. Најпрвин ѝ го покажа на Митра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вие минатиот пат се чудевте како во Европската заедница едно писмо може да патува цел еден месец од Неапол до Безансон!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)