Рутински, тоа дури не се ни криеше, сите писма беа отворани.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Писмото беше за жена ми.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Она што пред сè беше изненадувачко во тоа писмо беше фактот што испраќачот, Monty Cantsin, и мене самиот во писмото ме ословуваше со истото име.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Иако писмото беше проткаено со безброј загатки, Јана меѓу редови успеа да ја разбере поентата на зборовите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа што беше во писмото беше доволно да го прочитаат само едни очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Писмото, во писмо беше адресирано на адресата на неговиот другар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги научи за три дни, и беше задоволен многу, оти писмото беше едноставно и специјално срочено за владетел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нејзиното писмо беше преполно со живот, надеж да се дооткрие вистината на другиот како сопствена судбина и утеха.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Некои писма беа тажни, полни горчина, жаловити, некој весели и полни шеги. Понекогаш плачевме, де тагувавме, де се смеевме...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Писмата беа пишувани на грчки. Децата што знаеја да читаат, ги читаа по цели часови.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јас се бев оддалечил најмногу од неа во долгиот дипломатски мандат... Писмото беше испишано само на една страница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На предавањето на акредитивните писма беше присутен и Фарук Кадуми, арафатовиот аѓутант во воена униформа, најблиските соработници.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа остана со својата осама и со татковите книги.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Минував крај борците со звуците на палестинската химна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)