Мојата мисија беше јасно назначена – како писател требаше да учествувам во изборот на албанска драма, што требаше да биде играна на сцената на Албанскиот театар во Скопје.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ако сакате да бидете писател треба да ја заборавите политиката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)