Потем следува сè што се збира во салдото на еден обичен живот - некогашниот малечеок летач со умот ќе подостари како и дрвјата во сибирските тајги и на дедовата загриженост, а и на бајачката, ќе си припомни баш кога пилотот ќе соопшти дека она што се гледа низ малото прозорско окно на авионот е Екатеринбург, последната станица на возот на династијата Романови.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)