пиле (имн.) - ќе (чест.)

35. ПОАРНО СО УМЕН ПЛАЧИ, СО УЛАВ НЕ СМЕЈ СЕ - но јајцата велигденско шарени, божикно се исти - кое пиле ќе изведе, а кое ќе е смутка?!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- А ако и тука нè најдат, како пилци ќе нè испечат - загрижено рече Танејца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Тој денес е успешен доктор по спортска медицина и работи во државната болница, но - продолжи Снеже - кога пилето ќе пролета си ја бара слободата за вишен лет и простор за свое сопствено гнездо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На пилето ќе му речеш: „како што ти работат крилјата, така да ми работат рацете, прстите“ . И кошула ќе веземе, ѝ велам, твоја рака ракавите ќе ги везе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај кој ѓавол ќе отидете сега... Како пилци ќе исцркате...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пилето над него, тој под пилето ќе трча.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јајцето е премало за пилето. Клунот веќе чука по лушпата. Пилето ќе излезе во поголемото јајце.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)