Се раѓаше полека неговиот лик, се оформуваше споро - како пиле во јајце.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За да ги збунам фрлав напати камчиња слични на зрната жито дури и по боја. Им ја тестирав интелегенцијата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе испишти некое пилиште во ноќта, некоја утка како мене, и арамиите одново ќе ги тргнат штиковите. Од под гушата моја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште кога бев мал имав гледано како мајка ми ги храни пилците во дворот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но и тоа не можеше да го задуши квичењето на прасињата во вреќите, кокодакањето на кокошките во кошниците, цивкањето на пилињата во машките шлицеви - а никаде да видиш барем свирипиле ако не билбил во кафез над пердушеста женска шапка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се спрпелал ко пиле во плева, што се вели, во заплеткани конци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие толку брзо колвеа а никогаш да згрешат!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)