Обезглавувањето на пилињата беше вистинска грозомора.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Главите на пилињата беа една по една вешто, како со ножици поткастрени, а кожата им беше вовлечена, така што шиите личеа на корења од четири отсечени прсти, што беа заглавени во мрежата на кокошарникот. „Ракун“, извика Милан. „Или лисица!“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во кујната печеното јагнешко месо и печените пилиња беа исечени на парчиња и чиниите беа преполнети со нив и стратегиски поставени на долгата маса, така што никој од никого не мораше да бара да му го подаде печеното.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога пилињата беа внатре заклучени, имаа навика да скокаат на первазот од прозорецот, но овој пат таму се случило тоа што Милан не го предвиде.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)