пејзаж (имн.) - на (предл.)

Во тие мачни повоени, униформирани, купонски времиња, кога луѓето живееја под диктатот на еднонасочните пароли, Татковата појава, со старата изветвена паларија, носена уште во Цариград, на која Мајка ѝ ја менуваше само свилената кордела, и со старата кожена чанта, јасно се изделуваше од пејзажот на времето вклопувајќи сѐ повеќе во минатото одошто во сегашноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И додека на екранот се појавуваа убавите планински пејсажи на пелистерските планински височини, спикерот заклучуваше: Ако сте тргнале на одмор или планирате одмор, не заборавајте дека во светот постои вакво убаво катче за одмор и толку гостољубиви луѓе, кои денес можат да се сретнат во приказните...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак, беше убаво, топло, извонредно пријатно за патување, уште повеќе и затоа што патот водеше низ извонредните пејсажи на австриските Алпи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие вистински му недостигаа на пејзажот на денешната чаршија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Денешниот човек секојдневно удира по тастатурата, синтетизира сликовни пејсажи на екранот, воспоставува врски преку различни интерактивни мрежи и исто така навлегува во телематското друштво на теле-присутноста, каде што неговото секојдневно делување е стилизирано и демонстрирано. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 39
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сталинизмот речиси во самиот пејзаж на албанскиот дел ја беше идеологизирал и самата природа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како зачувани отпечатоци на изгледот на минатото, не само на сценографијата и костимографијата на одвеаните времиња, на променетата топографија и географијата на просторот, туку, најмалку прелажани, и на пејзажите на човечкиот свет, лицата, изразите, односите, слабостите, емоциите, расположбите, душите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ПОП ДАНАИЛ МОСКОПОЛЧАНИН ПРЕД ДВЕРИТЕ НА САНТА МАРИЈА ДЕЛА САЛУТЕ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пред тешките двери на црквата Санта Марија дела Салуте поп Данаил Москополчанин се тутка во пејсажот на сеќавањата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И со трагично - гротескни акорди во пејзажот на смртта...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)