пејзаж (имн.) - бев (гл.)

На ќерамидите на манастирот паун со сите бои на божилакот ги беше раширил крилјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пејзажот беше грозоморен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Самиот пејзаж беше чудесна песна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)