Печат врз него нека биде оваа париска светлина која ги заменува и моето име и моите копнежи до оној миг кога Ти се симна на земјата за да го спасиш Адама. Но, тоа не се случи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како лузна врз мазна кожа како длабок печат врз стар пергамент.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)