Песно наша, кон Шумшул- град летај, најборбена стануваме чета...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ти си наша чест и гордост, песна наша што нѐ крили, ти си полет, радост бујна, вруток што ни дава сили.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И од таа темна гора песни наши, ора ќе се вијат, ќе се веат, надежта ќе сеат. ***
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Јас, Aehmenia, од Битола, се капам во свети реки, се молам во свети храмови, цел живот излегувам од едно и влегувам во друго ходочастие, штрпкам по некое стракче по камењарите - и тоа е сѐ.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ејгиди песни наши што ги пееја старите... (покажува кон младите).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Но, само по некој ден откако стигнав во Света Екатерина егуменот ми фрли анатема, анатема, извика: од исти краишта сме толку убаво пееш, ми рече, а песна наша не ми запеа... Mneme На Славко Нинов Момче, монах во излитено расо, со плетенки врз рамениците седнат на брегот на Егеј под Света гора и наизуст преповторува: душата ми е пустина по која чекори Исус.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)