Сонце светло ми светеше гора ми се зеленеше в гора пиле песна пее.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Вие му песна пеете, вие го с песна жалите - така се сите раѓате и така си умирате!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тука ќе го најдеш Гоце Делчев војвода!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Неколку дена заедно сновеа, заедно пееја. заедно мечтаеја и борбени песни пееја за Македонија, ама остана лути многу разочаран кога виде дека командата на македонската војска од вардарско одби да ги прими младите Костурчани кои масовно сакаа да ѝ се приклучат и се чудеше и се прашуваше и себе си и другите зошто некој не сака да се направи една македонска војска?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ништо повеќе не се истава од патот на Песната, бидејќи таа, подготвувајќи се самата себеси за молк, не може никого да повреди повеќе отколку што се повредува себеси, ништејќи се и множејќи се со целосна свесност. (“Зошто да страхувам, / од што да се плашам // И оние кои веќе ги нема / некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, / и исти молитви глаголеа, / и исти песни пееја, / и овој ист наш јазик го говореа / и иста мисла како мојава / ги опседнуваше: // Зошто да страхувам, / од што да се плашам?“)
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Зошто да страхувам На Соња Зошто да страхувам, од што да се плашам И оние кои веќе ги нема некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, и исти молитви глаголеа, и исти песни пееја, и овој ист наш јазик го говореа и иста мисла како мојава ги опседнуваше: Зошто да страхувам, од што да се плашам?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас: Во песната сум Тој: Летнат Вишен Огнодишен: Тој. отаде сонот мој Отаде мојата куќа Отаде светот Отаде сонот мој И некаде Потаму од нив: Уште чека Дур од века Зборот незгаслив. чародеј Во глава ми Лаком змеј: Ноќум бдее Песни пее: Ча ро деј. сам Знам: И во самоста Сакам да сум Сам. мисла Ништо не ме мами Ништо не ме зачудува Во мене гори таа И ме полудува. сликата. песната.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Преку она што ми се гледаше реки додека не бев златна ластовичка сега гледам луѓе како ораат, сеат, жнеат, песни пеат, оро играат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Лицата им ги красеа широки насмевки, нишки од среќа им висеа по образите и знаменца од радости над главите им се вееја, стихови лееја, песни пееја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ех, кога би бил жив Тато, и онака како што знаеше, по свое, да ги доближи веѓите, да се смршти додека се обидував да испејам некоја песна од типот „Војник одам, оф, леле, песни пеам, оф, аман, аман!“ и слични на неа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ех, намилост си ја викам ЅВЕЗДО МОЈА и си се приспомнувам на ѕвезденото моминство... а ДЕНИЦА - секој ден да ни е денот - светлина... саде убавина - си шепоти стишено, небаре песна пее - не бидувало гласно да се пее пред Воскресение Христово.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ајде, скокање, миење и на татка да му помогнеме со јајцето вапсано и светена водица да ја поминеме домата и имотот - со здравје и радост родна да ни е годината! - небаре песна пее си ја разбудила челатта.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Дувка ветер и шумолат гранки, пуплат дрвја, цутат сливи ранки, орач в ниви бисер семе сее, бисер сее мила песна пее: „Мина, горо, млад Делчев војвода!“
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Бел ми Вардар тивко шуми, тивко шуми вода лее, - бела Рада платно бели, платно бели песна пее:
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
И песна пеам што не сте чуле, радоста моја ко бран е речен, за Делчев песна и Питу Гули, - го славам гордо Илинден вечен!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ама само најнадарените меѓу нив ем си грицкаат ем си пеат Вино пијам ем ракија коња јавам аџамија Пеат и за Марко пијаницата и други дојденски песни пеат Па откако ќе си ги стивнат дертовите Држат говори и делат бесплатни совети За тоа како се убива здодевноста Патем и за тоа како се убиваат лилјаци или кукубари Ако непоканети ви влетаат во сонот Кога ќе си ги стивнат дертовите Некои коали лежерно и онака мангупски Им намигнуваат на какадуите Наредени на сува гранка на едно суво дрво Кој им е виновен на белите какадуи Што севезден испуштаат само темни вокали И како такви не се за прибирање На живите гранки на живите еукалиптуси А и не е баш прецизно утврдена дозата на страв од височина Што му е вродена на секој бел папагал А не се вели кој ниско лета високо сонува Како што и од темните вокали не излегуваат бели соништа Од друга страна во обоените соништа на коалите Често знае да заскита и некој шарен папагал Колку пошарен толку пошарени лаги кажува Сам си се лаже сам си верува А верува на пример дека ги знае наизуст Сите сонови на сите кардинали попови и професори Згора и на сите дипломати старлети и куртизани И уште позгора на сите будалетинки, гологази и давајгази Ни срам ни перде нема шарениот папагал Баш мене на коалата папсана од сонување Да ми ги расправа соништата баш на тие Кои ниту знаат ниту сонуваат ниту некогаш ќе сонуваат А кардиналите и поповите се такви И дипломатите и куртизаните се такви За нив сонувањето отсекогаш било изгубено време Колку повеќе сонуваш толку помалку проповедаш Колку повеќе сонуваш толку помалку се тртиш А современиот живот не може да се замисли Без обилни проповеди и обилни тртења Од некои тртења се добиваат хемороиди Но тоа не значи автоматски дека педеризмот зема замав Во царството на нашите соништа А секој пред да почне да се трти Треба да си знае дека од тртење Не се добива насмевката на Јуриј Гагарин По првото облетување на земјината топка Ами од тртење се стенка и се стенка Се стенка до последното нежно офнување.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Во дворецот сите оро вијат Ноќта падна, не можат да спијат Радосни и среќни песни пеат Насекаде играат, весело се смеат.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)