пес (имн.) - на (предл.)

Сигурна сум дека еден американски уметник што глуми пес на интернационалната уметничка сцена не би бил толку интересен како еден руски уметник.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И ете ти го таму Гаро, песот на Симона, душка околу и рие во земјата. Мрш, му велам, скоту еден!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не ќе подадам раце по тебе, ветвуштенику, за да насаскаш пци на мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Си му судел на маж ми, мене не ќе ми судиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговото умирање почнува од разранетите прсти беспомошни да го скинат синџирот на вратата или да го откопчаат катинарот: За него, слаб и начнат од пците на својот страв или на треската со многу жили во неговите жили, тајната на одајата е недостаслива.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега остави го овде нека умре сам како пес на буниште.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да не ви се измочал пес на прагот или мачка во обушјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)