Да резимираме: класичните мајстори на перспективата во своите трактати јасно ги раздвоија, од едната и другата страна на трите хоризонтали - од кои најниската ја претставуваше линијата на хоризонтот од долен домен, а највиосоката линија го претставуваше челото на горниот домен - двата разнородни простори: просторот на геометриската проекција и просторот на проекцијата во перспектива, со други зборови дводимензионалниот простор и привидите на еден тродимензионален простор.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но, во еден период, додека работеше во судот, пред самото откривање насиџилите, кога и материјалната и работната позиција многу му се нишаа, во времето кога ја одби и последната можна понуда да стапи во Партијата, кога одново започна да се пребарува во неговото минато, тој мислеше дека само еден Орден, дури и од најнискиот ред, ќе може да му ја измени позицијата, да им отвори добри перспективи во школувањето на постарите деца кои ги ориентираше кон средните стручни училишта, што поскоро да се здобијат со свое парче леб.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Предоцна за да може да му отвори нови перспективи во животот и во работата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Според оваа перспектива, животите на луѓето се обликувани од значењето кое тие му го припишуваат на сопственото искуство, од нивната позиција во социјалната структура, од јазичните и културните практики на индивидуата и на нејзините релации со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За уметниците на денешнината, детството претставува предисто рија на возрасниот, па така детето се претвора во вид на домашен благороден „прачовек”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оваа конституционалистичка перспектива се разликува од доминантните структуралистички (однесувањето ја одразува структурата на умот) и од функционалистичките (однесувањето им служи на целите на системот) перспективи во светот на психотерапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но, пред сѐ, според нас, Ботеро како уметник на новата Ренесанса одново ја откри перспективата, другата перспектива, не обратната и не деформираната, туку, како што веќе беше речено, ботероморфната перспектива во која фигурите ја преземаат формата на просторот, се зголемуваат како просторот и самите го оформуваат просторот...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Како и племенската примитивна уметност, така и детската уметност понуди „прочистување” на западнокултурниот материјализам и даде перспектива во вид на враќање кон почетокот на нешта та.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)