Што се однесува, пак, до начинот на пресметка на казнената камата – таа се врши со примена на декурзивниот едноставен каматен метод на стасаната главни- на, без додавање на каматата на главнината.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А еве што било напишано во врска со настанот во еден угледен лондонски неделник: Харолд (името на детето), кој живее со своите родители близу Лондон, по една сериозна повреда, целосно го изгубил сеќавањето и моќта да зборува во период подолг од еден месец.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кај висината на паричниот надоместок дојде до две промени: прво, во случаите кога правото на паричен надоместок се остварува на период подолг од 12 месеци, износот на месечниот паричен надоместок е намален од 50 на 40% од просечната месечна нето плата на работникот кој останал невработен и, второ, пропишана е горна наместо долна граница на износот на паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кога пресметката на казнената камата се врши за пресметковен период подолг од една година, износот на долгуваната казнена камата се добива така што производот добиен со множење на главнината, стапката на каз- нената камата и бројот на годините на задоцнување ќе се подели со бројот 100.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)