период (имн.) - татко (имн.)

Од тој период татко ми имаше добиено од француските офицери, посебно од командантот на француската зона Едуард-Огист Морtје неколку книги на француски јазик: Француски и Египетски законик, потоа Духот на законите и Размисли за причините за величината на Римјаните и за нивната декаденција од Монтескје, Орштествениот договор од Жан-Жак Русо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога во еден период Татко конечно согледа дека ќе мора да ја одложи за други времиња работата врз својот проект на животот, пишувањето на книгата Историјата на Балканот Балканот низ падовите на империите, реши да изврши нова значајна реформа во својата библиотека, да го промени распоредот на читањето на книгите, во потрага по нови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
VI И конечно во еден период Татко согледа дека треба да го напушти својот проект да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, зашто речиси се изгуби во поглавјето за лавиринтот на балканското јаничарство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)