период (имн.) - бев (гл.)

ЖЕНА паркот во тој период беше преполн со МАЖИ осиромашени стечајци кои играа шах.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој период бев многу осамена, навистина немаше со кого да се дружам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Така ли е, ти си останал жив, иако си испил толку многу апчиња. 6 За несреќа, тој период бев во толку длабока емоционална фаза, во суштина, многу осамена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рада во тој период беше одлична домаќинка, зрела за поцврста семејна врска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во еден период беше и сталинист. Дури и напишал ода за Сталин?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега, посматрано со извесна временска дистанца, можам да кажам дека тој период беше ренесанса на скопското културно подземје.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И повеќето писатели, кои живееја од социјална помош единствено нешто што го напишаа во тој период беа нивните писма што ги испраќаа дома за пари... (Исто: New Week, Special Issue, Our Amerika ”A Self Portrait”, 4 Јули 1976 год.).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На 28 јуни 1948 е објавена резолуцијата на Информбирото, со што ФНРЈ беше изолирана од СССР и останатите земји од социјалистичкиот блок.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во овој период македонското политичко и воено раководство беше инволвирано и во Граѓанската војна во Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во наредниот период беа формирани и Медицинскиот и Земјоделскиот факултет со што беше основан и универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во наредниот период беше донесен и првиот петтогодишен план за стопански развој на на НРМ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но за Дарвиш не можеше да нема одговор за било кое прашање кое се однесуваше на неговите односи со Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој одговори: - Арафат со мировните преговори и договори во Осло, со избраните израелски миротворци, од тој период беше свесен дека тој го правеше само првиот чекор во своето враќање во Палестина. Другите чекори беа препуштени на судбината...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Владетелот Тито, кој ја обедини по периодот на фашизмот распаднатата југословенска империја на Балканот и ја одржа до својата смрт, а во кој период беше вклопен најголемиот дел од мојот живот, стана повод за моите идни размисли и потраги...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Марксовата визија за царството на слободата преку митот за преодниот период беше ставена во служба на обезбедувањето поддршка за Лениновата диктатура „на пролетаријатот“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Интересно, пред извесен период бев длабоко фасциниран само за зборот “иднина” како мисловна именка, а камоли за тоа како таа ќе изгледа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, атавистички внесен во патот на јагулите, небаре под диктатот на божјото претсказание што беше впишано во патот на јагулите и претскажувањето на Игора Лозински, Татко, во еден период беше решен да оди кон север, да го следи патот на јагулите, колку што тоа беше можно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ѓорѓиевски на неколку пати ќе истакне дека луѓето од ССМ во овој период беа повеќе заинтересирани за борбата околу претседателската фотелја, отколку за катадневните борби на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За овие скоро три години, или поточно 33 месеци тој беше невработен и редовно се пријавуваше во тогашниот Завод за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговата состојба во овој период беше навистина тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се укаже и на разочараноста на работниците од односот на раководството на ССМ, кое за овој случај не покажа некој посебен интерес, иако од нив на повеќе наврати се бараше да помогнат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)