перење (имн.) - и (сврз.)

„Вие само ќе вошате плејтс, мисури како што велите вие ќе миете, ќе мопате душемиња и пенџери, ќе пуштате машини за перење и ќе ајронувате, мејтенансот на чоперите ќе биде ваш, такси ќе драјвате, ќе ставате парфеми во тоалетите...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Досега тој и жена му го користеа за перење и готвење; од него направија убав сад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)