пеперуга (имн.) - и (сврз.)

И сѐ беше во некакво движење; говедата се митареа, чешајќи се по дрвјата, младото ветерче скришно се задеваше со овошките и овошките крцкаа, занишани и од цут, од пеперуги и од пчели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пеперугата ја грабнала Мравката од мравињакот под дрвото и ја однела под земјата. – Вистина е сето ова!, - рекол и другиот пријател. – И јас видов како лета пепругата и како ја носи мравката .
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа попладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините коњчиња се распаѓаа иако штотуку ги рашириле крилцата, малечките свенуваа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И идат некои оси и некои стршни и некои пеперуги и коњски муви. Сѐ тргнало по нас, сѐ бега со нас, кон шумата. Ги оставаат седелата, дувлата, осарниците, дупките и сите идат по нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)