пенџере (имн.) - и (сврз.)

Жената што ми кажа, треба да беше жената на Глигора, не слезе долу ами излезе од пенџере и ми кажа...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Првин сите се острелушиле, а потоа стрико Никола се доближил до пенџерето и прашал кој тропа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Баба Маре парите од оваа сезона ќе ги вложи во патос и пенџериња и до година: „Како хотел ќе биде куќата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Шепотот пак се повторува. Се опулувам кон пенџерето и гледам нешто ми се привсенува, ми се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АНА: Еве, овие се, се насобрале на пенџеринава и ѕиркаат да го видат вујка. (Жетварките се отстрануваат од прозорецот.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Па ми иде да ја откорнам решетката од пенџерето и низ пенџере да влезам, вели, да го сменам влезот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тоа време ангелот го навртува човеков да препомине под пенџерињава и како што чул плачење, застанал да чуе што станува и ако е потребно да помогне.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)