пена (имн.) - на (предл.)

Како што пука едрото напнато од белина, така пред нејзините ширум отворени очи се развејува пената на денот, толку лесно се топи чадот од ефикасни формули за брзо заборавање...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се намалуваше, пената на нејзината коса спласнуваше, стануваше непозната и црна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дно? Но можев да сум и весела пена на тие води.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Палма“, се зачуди едниот. „Каква палма, Исусе?“ „Пустинска“, рече. „Со многу ѕвездена пена на лисјето.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но пените на пролетта од светлоста навеани се топат и гинат во тревата под која земјата расте и над нив сега се вее зелената џбунка на небото што го навестува родот донесен во сведенот на ветрот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Дождалци, Salamandra maculosa! Ене ги, се влечат мешечки околу куќава и чекаат да паднам неподвижен и со пена на уста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот беснееше, пена на устата му се јави, како кај бесен пес; а јас гледав во Лествичникот, единствен кој од зборовите на логотетот поштеден беше, и дури за пример на душа чесна и силна беше истакнат, и гледаше блажено, притворно невино, полн доблест лажна!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како е сега таму мирно под розикавата пена на расцутената праска И како потрепнува на осамената клупа мозаик од нежни полусветлини.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Слепо во споулавеноста барајќи пат кон тишини во кои не ќе зататни ни пушка ни топ, по богтизнае колку замаглени дни и студени ноќи, се сретнал во безживотен дол со калуѓер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дождалци, Salamandra maculosa! Ене ги, се влечат мешечки околу куќава и чекаат да паднам неподвижен и со пена на уста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пено на ледениот здив На змијата под каменот со претчувство на трпкиот сјај од сончевата трпеза на летото Пено на древниот вруток.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)