пекол (имн.) - на (предл.)

Овде е пострашно од пеколот на Данте со векови реки се полнат од плач но пирејот повторно расте и расте попусто го корнат им пркоси пак
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Минав и останав жив низ пеколот на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пекол на Рајските острови: иако на наследниците на првиот колонизатор, едноокиот гусарски капетан, Џон Џонс, наречен „Џонс Крвопиец“ им е исплатено 23 долари како надомест за сопствеништвото на поседот, референдум е сепак неопходен – дали 35-те корални островчиња ќе бидат присоединети кон својот голем сосед, од чии брегови го делат 1500 километри или ќе го задржат досегашниот независен статус?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислам на тоа како светот оди по ѓаволите, мирно се лизга во белиот пекол на рамнодушноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа централна идеја во книгата, претставена во голема драматика која сведочи дури за степенот на загрозувањето на животот и слободата на нараторот, повторувам, ова силно минување низ пеколот на духот е силно предадено во романот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По гласот погодија кој е. Почнаа да се стрчнуваат кон него, да го удираат со веленца и со шубари, да го тркалаат. Од него летаа светулки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и тие што дојдоа и што доаѓаа до пеколот на ревење и на пламења, сите, ти велам, се слеаја во една сенка, сенката се распливна, избега низ ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прочуло: џинот од Кукулино бил виден со крвава брада и со конци пресно месо меѓу забите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патот кон Пеколот на сите ни е познат“, додаде Старчето...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сѐ се случува така како што упатуваат древните книги Патеката е со покривка од најлесен пердув Од истата воздушеста материја од која била скроена Некогаш првата облека на Ева Избегав овде за да го заборавам оној друг свет Со брдо кренато за да се измачува Сизиф Со столб издигнат за да го оковат Прометеј Со оној обезглавен труп од Пеколот на Данте Што ја држи за коса сопствената глава И ја носи покрај себе место фенер.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еко-архитектурата, како и еко-општеството, наликува на тивкиот пекол на Доцното царство. Волшепството на модерните уривања.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И кога заврши градбата на Беломорскиот канал, како да заврши пеколот на земјата. Многу повеќе изгинале, отколку што преживеале.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И што беше најтрагично, градбата на каналот долг двесте километри, мораше да биде завршена за дваесет месеци. Пекол на земјата. Требаше да се коригира релјефот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)