пеење (имн.) - во (предл.)

Истата вечер, по давањето збор, не може да заспие од возбуда па излегува да се прошета низ парискиот латински кварт каде што влегува во едно бистро и сосема случајно го запознава младиот, сиромашен пејач Пол кој и самиот доаѓа од Америка и студира пеење во Париз.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но тоа не беше причина во него да пресуши изворот на носталгијата, најмногу задржана во полифоното пеење во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, кај Леонардо се случува вистински пресврт: апстрактниот, гранчест лавиринт се претвора во географска карта на мистериите, во криптографски симбол за прастарите космолошки слики на “испреплетеноста на световите”, сосема во согласност со формулацијата на Данте од 33 пеење во Рај: for- ma universale di questo nodo.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во ова пеење во различни времиња настојуваа да се стигнат три гласа поддржувани од колективното исо како четврти придружен, односно и како хорски глас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Реткото пеење во Прењес е како сновидување. Тука песна се слуша само од звучниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)