Таа плачеше, ја чувствував како трепери покрај мене иако и понатаму ме топлеше, иако и понатаму ме придржуваше со целото свое тело потпрено врз yидот на мртвите; ништо не ме праша, не сакаше да знае ниту зошто ни откаде, немаше намера да се бори против машината поставена од цел еден живот спротиставен самиот на себеси, 63 спротиставен на градот и на неговите лозинки - само тој плач на повредена животинка, тој безволен отпор спрема победата во играта, скршен отпор на разбранетата игра на пајаците во бунарот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како и со Паула (Офелија) и со толку други кои исто така се фрлаа да го проверат затворачот, копчињата, додатокот на некое списание, уште еднаш се отвори бунарот во кој надежта се преплетува со стравот а сè во смртниот грч на пајаците во кој времето почнува да отчукува како некакво друго срце во пулсот на играта; од тој момент секоја станица на метрото станува инаква подлога на иднината бидејќи така е решено со играта; погледот на Маргарита и мојата насмевка, едновременото повлекување на Ана кон набљудувањето на затворачот на својата чанта, сето тоа е увертира за обредот кој своевремено почнав да го славам противно на секој разум бидејќи повеќе ги сакам и најлошите утки од глупавите ланци вериги на секојдневната последичност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Поради тоа, сега, Маргарита - не: поради тоа - страв, пак одвратно би можело да се случи на Монпарнас-Бјенвени; сеќавањето на Паула (на Офелија), пајаците во бунарот наспроти малецката надеж во тоа дека Ана (дека Маргарита).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тогаш почнува борбата во бунарот, почнуваат пајаците во стомакот, она чекање со нишало од станица до станица.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И во еден миг, наведнувајќи се над мене (јас згрчен бев на подот, како пајак во мрежа), за да ме удри со тупаница по грбот, од под ризата му испадна клуч златен и токму пред мојот нос, на подот падна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А човекот оној беше трговец со две нешта, оти само две нешта видов на тезгата негова на пазарот: пајаци во разни големини и од сорти разни: страшни и отровни, нестрашни а отровни, страшни а неотровни, нестрашни и неотровни; и, клучеви многубројни, златни, за непознати клучалници.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знам: во мигот кога ќе го поставам последното камче, во центарот на новата вселена, јас ќе се престорам од пајак во мрава црна, оти крстот ќе го изгубам, средето на светот ќе го поместам на место лажно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Десно од мене видов еден прекрасен мозаик со паун; до него видов уште еден, на кој беше насликан пајак во мрежа; бев уште пијан и мозокот ми создаваше чудесни слики: „Овој паун овде што ги покажува пердувите е Фискултурецот. Види го колку е смешен!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога ќе се раздени, ќе дојдеме по тебе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И пред да прашам, пајакот во моите пазуви ми ја откри вистината: Мортенија се храни со струја од некој генератор илиод батерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)